Познатата новинарка и водителка Марта Стјуарт, во ток-шоуто на Елен Деџенерис, по 30 години ја откри причината зошто навистина раскинала глумецот Ентони Хопкинс. Таа во популарното шоу ја играла играта „Две вистини и лага“, а едно од прашањата се однесувало за љубовта со познатиот глумец.
„Се забавував со Ентони Хопкинс, но раскинав со него бидејќи не можев да престанам да мислам на него како Ханибал Лектор“, рече Стјуарт.
Елен ѝ одговори дека нејзината приказна е лага, но Марта сепак кажа дека тоа што го раскажала е вистина.
„Имав голема страшна куќа во Мејн која беше изградена на стотина хектари шума. Не можев ни да замислам да го однесам Ентони Хопкинс таму, сè што можев да помислам е како тој јаде човечко месо, исто како во филмот“, рече Стјуарт.
Стјуарт не откри кога точно била во врска со актерот, но медиумите пишуваа дека тие се заедно во 1991 година во времето кога излезе филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“. Во филмот Ентони Хопкинс го глуми канибалот и сериски убиец Ханибал Лектор. За оваа улога тој освои Оскар за најдобра главна улога во 1992 година.