За Кире Лазаров Европското првенство е нерегуларно, чудно е како само една репрезентација нема проблем со короната

За Кире Лазаров Европското првенство е нерегуларно, чудно е како само една репрезентација нема проблем со короната

пред 3 години

Селекторот на ракоментата репрезентација Кире Лазаров вели дека Европското првенство во Унгарија и Словачка е наместено. Тој во интервју за хрватски „Индекс“, рече дека на ова првенство не важеле никакви правила и немало никаква регуларност.

Слабиот пласман на Македонија, но и на другите репрезентации тој го објасни со проблемите на играчите кои имаа коронавирусот. Тој рече дека му е чудно како само Данска го нема тој проблем.

„На ова првенство не важат никакви правила и нема регуларност. Не е можно да се процени нечија сила со оглед што пред или покасно сите влегоа во проблеми со коронавирусот. Но, чудно ми е што само селекцијата на Данска нема вакви проблеми. Сите пречки ги минаа лесно. Сите други имаа проблеми во одреден момент и поради тоа сметам дека ова ЕП е нерегуларно“, рече Лазаров за хрватски „Индекс“.

Лазаров поради повреда во Дебрецин не играше и беше само селектор. Тој е еден од најголемите ракометари во историјата и еден од најдобрите шутери. Рекортер е по бројот на голови на едно Европско. Во 2012 година постигна 61 гол на 7 натпревари, а на Светското првенство во Хрватска во 2009 година, постигна рекордни 92 гола во 9 натпревари.

Во кариерата Лазаров играше за Пелистер, Загреб, Веспрем, Циудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона, а на 41 година и понатаму е клучен играч за францускиот тим Нант. Тој е селектор на Македонија, а да не беше повреден пред самиот почеток ќе беше и единствениот во историјата о статус на играч и тренер.

Македонија на ова Европско ги загуби сите три натпревари против Данка, Словенија и Црна Гора и на крајот заврши на 22 место од 24 екипи. Ова беше најлошиот пласман на Македонија на едно Европско првенство.

 


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top