Импресивен вулкан кој еруптира на секои 15 минути е уште едно чудо на природата

Импресивен вулкан кој еруптира на секои 15 минути е уште едно чудо на природата

пред 3 години

Да се планинари во близина на активен вулкан можеби и не е некој идеален одмор, ама за многумина очигледно вреди да се ризикува. Вулканот Фуего во Гватемала е најактивниот вулкан во Средна Америка. Тој привлекува илјадници туристи годишно. Со цел да можат да ги видат одблизу неговите ерупции, туристите мораат да се искачат на соседниот врв Акатенанго кој е неактивен вулкан.

Според туристичките водичи, вулканот дневно го посетуваат околу 300-400 луѓе. Вулканот Акатенанго се наоѓа на речиси четири илјади метри надморска височина, а за искачување од почетната точка потребни се околу пет часа. Вулканот Фуего е постојано активен и на секои 15-20 минути испушта чад.

Вулканот е далеку од безбеден со оглед на тоа дека неговата ерупција во 2018 година го избришала селото Сан Мигел Лос Лотес од лицето на Земјата, при што загинале 159 луѓе, а биле повредени повеќе од 300 луѓе.

Извор :  punkufer.dnevnik.hr

 

Share
Scroll to Top