Како најдобро да ја искомбинирате црната чанта

Како најдобро да ја искомбинирате црната чанта

пред 3 години

Многу модни експерти се согласуваат дека црната чанта треба да има моден статус исто колку малиот црн фустан, белата кошула и фармерките.

Речиси секоја дама обожава црни чанти, бидејќи лесно се комбинираат и можат да се носат речиси во секоја пригода.

Најпопуларни се помалите со комбинација на метални и кожни рачки, но на дамите подеднакво им се допаѓаат и поголемите со интересни детали. Црната чанта е секогаш добра инвестиција, бидејќи ќе можете да ја носите во сите сезони.

1. Спортска елеганција

Комбинација каква што никој не можеше да замисли до пред неколку години – тренерка и елегантна чанта. 

2. Комбинација за секој ден

Црната чанта ќе ви стане омилен моден додаток, бидејќи нема да мора да префрлате шминка, клучеви и пари во друга чанта, туку само да ја смените комбинацијата.

3. Незаменлив дел од деловниот стајлинг

За совршен деловен стајлинг кој зрачи со елеганција и женственост, потребно е навистина малку – кариран капут кој е во тренд оваа сезона, фармерки и црна чанта како совршен моден додаток кој ќе го комплетира овој стајлинг.

Share
Scroll to Top