Нобеловата награда за медицина годинава замина во рацете на тројца научници. Наградата ја освоија американските научници Харви Алтер и Чарлс Рајс, како и британскиот научник Мајкл Хјутон за откривање на вирусот Хепатитис Ц.
Оваа награда е едно од најпрестижните светски признанија и овозможува влез во еден од најценетите клубови во светот.
![]()
Претседателот на Комитетот, Томас Перлман, ги објави добитниците на престижната награда во Стокхолм.
Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека има повеќе од 70 милиони случаи на хепатитис ширум светот и дека годишно умираат околу 400.000 луѓе. Станува збор за хронична болест што доведува до воспаление на црниот дроб или рак.
Оваа престижна награда, покрај златниот медал, вклучува и парична награда од 10 милиони шведски круни (нешто повеќе од 1,18 милиони долари).






