Во Украина пристигна уште 81 тон муниција од САД

пред 4 години

САД испорачаа уште еден контингент муниција од различен калибар во Украина, изјави украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников.

– Стигна 81 тон муниција од различен калибар во Украина. Следната недела чекаме нови американски авиони со воено-техничка помош за да ги зајакнеме одбранбените капацитети на Украина – напиша Резников на Твитер, пренесува ТАСС.

Според извештаите на медиумите, САД планираат да испратат 200 милиони долари воена помош за Украина, која вклучува муниција, противтенковско оружје и пушки.

Share
Scroll to Top