Тони Блер: Луѓето кои одбиваат да се вакцинираат се идиоти

пред 2 години

Поранешниот британски премиер Тони Блер ги нарече идиоти луѓето кои одбиваат вакцина против Ковид-19.

„Искрено, ако не се вакцинираш, а можеш да ја добиеш вакцината, односно немаш здравствени причини да не ја добиеш, не си само неодговорен, туку и идиот“, рече Блер.

Во интервју за Радио Тајмс, Блер рече дека оние кои избрале да не се вакцинираат не треба да се третираат грубо, туку треба да се убедат да се вакцинираат.

„Може да има различни причини, но искрено – вакцинацијата е во нивен интерес, дури и ако го игнорираме јавниот интерес“, рече Блер.

Тој додаде дека одлуката за вакцинирање на деца помлади од 12 години „требаше да биде донесена пред некое време“.

Блер рече дека ја поддржува одлуката на британската влада да не воведува нови ограничувања пред Божиќ, но ја опиша одлуката како „неверојатно тешка“ и „ризична“.

Share
Scroll to Top