Макрон им се обрати на граѓаните: Не сум веќе кандидат на еден табор, туку сум претседател на сите

пред 2 години

Емануел Макрон им се обрати на граѓаните на Франција пред Ајфеловата кула во Париз.

– Ви благодарам! По пет години во кои наизменично се менуваа среќни и тешки времиња, во кои имаше и несекојдневна криза, денес повеќето од нас избраа да ми веруваат и да ми дадат нов мандат да претседавам со нашата република во следните пет години. Секој меѓу нас ќе мора да се вклучи – рече Макрон на почетокот.

– Јас веќе не сум кандидат на еден табор, туку сум претседател на сите. Знам дека многу Французи гласаа за мене да ја блокирам екстремната десница. Сакам да им се заблагодарам и да кажам дека нивниот глас ме врзува. Знам што им должам. Сакам да обезбедам конкретни проекти за сите и сакам Франција да стане голема еколошка нација – рече Макрон.

Share
Scroll to Top