Гери Олдман спиел во ковчег цело време додека го снимал „Дракула“

Гери Олдман спиел во ковчег цело време додека го снимал „Дракула“

пред 3 години

Глумецот Гери Олдман спиел во ковчег секоја ноќ додека го снимал филмот „Дракула“. Тој го глумеше ликот на Грофот Дракула во филмот на Френсис Форд Копола од 1992 година. И додека неговите колеги се дружеле цело време и се запознавале во времето на снимањето, Гери постојано бил сам.

„Спиев во ковчег секоја вечер. Мој избор беше да се тргнам на страна и целосно да се внесам во улогата“, рекол Олдман.

Познатиот глумец рекол и дека ова му било најнеобичното снимање, но и дека повторно би го повторил ако некоја улога го бара тоа од него.