Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната прес-конфренција рече дека како опозициска партија остануваат на ставот дека треба да се намали бројот на пратеници од 120 на 90.
Тој ги повика сите политички партии и фактори во државата да разговараат за намалување на бројот на пратеници во македонското собрание.
„ Со тоа цениме дека ќе се подобри функционалноста на македонската демократија и ќе се намалат трошоците“ рече Ковачки.