Силна зимска бура ја погоди северна Европа за време на викендот, при што загинаа најмалку четири лица.
Бурата Малик денеска донесе силни налети на ветер, обилни врнежи од дожд и снег во Данска, Финска, Норвешка и Шведска, пренесува агенцијата АП.
#StormMalik Armadale, Isle of Skye #Scotland ??????? 30/01/22 @angie_weather @ThePhotoHour @StormHour @VisitScotland pic.twitter.com/zLyLyyaKLr
— James MacInnes (@Macinnesplant) January 30, 2022
Невремето доцна во саботата пристигна во нордиските земји и северна Германија откако предизвика голема материјална штета и колапс во сообраќајот во Велика Британија, особено во Шкотска.
Во Шкотска момче и 60-годишна жена загинаа во саботата од паѓање дрвја.
Во Данска, силните ветрови со дожд доведоа до привремено затворање на неколку мостови во саботата, вклучително и клучниот патен и железнички мост Ересунд, кој ги поврзува Копенхаген и шведскиот град Малме.
Данските медиуми јавија дека 78-годишна жена починала како последица на тешки повреди по пад од силен ветер.
Во Германија, локалните медиуми објавија дека еден човек загинал во саботата откако бил погоден од билборд кој попуштил поради лошото време.
Поплавите во многу делови на Данска предизвикаа значителна материјална штета.
Се наведува дека јужните делови на Шведска биле сериозно погодени, а илјадници домаќинства до попладневните часови останале без струја.
Still winter in Norway ??? pic.twitter.com/xwS4sG4r6Y
— Arve ㊷ ????HODL (@captainarve) January 30, 2022
Пријавени се големи штети на куќи, автомобили и чамци во Норвешка, додека обилните снежни врнежи низ Финска предизвикаа сообраќајни несреќи и го прекинаа сообраќајот во делови од земјата.