35-годишeн скопјанец со иницијали Н.Н. вчера во попладневните часови во СВР Тетово пријавил дека неговиот пријател Г.К. (44), исто така од Скопје, со кого заедно планинареле, на враќање од планинскиот врв Трескавец, над тетовско Вешала, ја повредил ногата, поради што им е потребна помош да се вратат.
Полициски службеници од полициското одделение Попова Шапка, во координација со екипа од Дирекцијата за заштита и спасување, набрзо ги лоцирале, на повредениот му била укажана помош од страна на лекар и безбедно биле спуштени во селото Вешала.