Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со амбасадорот на Република Грција во Скопје, Русос Кундурос.
Амбасадорот Кундурос и првиот вицепремиер Груби се согласија дека веќе се создадени одлични услови за натамошно унапредување на односите меѓу двете земји, како во областа на енергетиката и економијата, така и во сите други области кои се важни и за доброто на граѓаните на нашите две земји.
Амбасадорот Кундурос на првиот вицепремиер Груби му ја пренесе и силната поддршка од грчката држава во однос на надминувањето на спорот со Република Бугарија и за почетокот на преговорите за членство во Европската Унија.
Груби и Кундурос за време на оваа средба исто така оценија дека интеграцијата на Западниот Балкан во Европската Унија е дополнителен придонес за регионалната стабилност и дополнителна можност за имплементација на европските стандарди, а со оваа и развојот на целиот регион.
Првиот вицепремиер Груби и амбасадорот Кундурос заеднички констатираа дека решавањето на спорот меѓу Република Северна Македонија и Република Грција со потпишувањето на Преспанскиот Договор, отвори големи можности за развојот на односите меѓу двете земји.
На оваа средба Груби и Кондурос разговараа и за регионалните актуелности, особено за отворените спорови во Западен Балкан.
Груби и Кундурос на крајот на оваа средба заедно заклучија дека Република Северна Македонија и Република Грција преку билатералното пријателство веќе промовираат стабилност на целиот Западен Балкан.