279 санкционирани сообраќајни прекршоци во Скопје, 110 за недавање предност на пешаци

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 279 мерки, меѓу кои за недавање првенство на минување на пешаци 110, непочитување на брзината на движење 30 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 46 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се осум санкции за зборување на мобилен телефон, две мерки за неносење на сигурносен појас и две санкции за управување под дејство на алкохол.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.