„Еј-би-си“ ја суспендира Вупи Голдберг поради навредливите коментари за Холокаустот

пред 3 години

Вупи Голдберг, комичарка и актерка, која исто така е ководителка на ток-шоуто на „Еј-би-си“, The View, ќе биде суспендирана на две недели, објави мрежата во вторникот вечерта, откако таа изјави во шоуто дека холокаустот не бил за раса – коментар кој доаѓа во време на растечки антисемитизам на глобално ниво.

Според повеќе медиуми, коментарите на Голдберг во епизодата на „Д’ вју“ доаѓаат во услови на очигледно незнаење за Холокаустот и зголемен антисемитизам. Таа подоцна се извини, но штетата е веќе направена.

Во епизодата што се емитуваше во понеделник, Голдберг рече дека холокаустот е за нечовечност на човек кон човек и дека не станува збор за раса. Кога еден од другите водители го оспори тоа тврдење, велејќи дека холокаустот бил поттикнат од белата надмоќ, Голдберг додаде: „Но, ова се две групи на бели луѓе“.

„Ова бели луѓе им го прават на други бели луѓе, па нека се караат меѓу себе“. Додека таа продолжи да зборува беше пуштена музика што навести пауза за реклами.

Во вторникот вечерта, Ким Годвин, претседател на „Еј-би-си њус“, ги извести вработените дека Голдберг ќе биде суспендирана поради нејзините погрешни и навредливи коментари, пренесува „Њујорк тајмс“.

Share
Scroll to Top