Петгодишниот Рајан Аврам во вторникот падна во бунар во Мароко, а спасувачките екипи веднаш стапија на сила. Иако по четири дена деноноќно тргање по него, успеаа да го извлечат, сепак тој почина на пат кон болницата. Неговите родители биле видени како одат по хоризонталниот тунел, видно скршени, пред да заминат со возило на брзата помош.
Преносот на акцијата за спасување на момчето од бунарот длабок 32 метри го следеа сите светски медиуми. Луѓето бурно ја следаа ситуацијата, која беше неизвесна до самиот крај. Кога го извадија, одекна громогласен аплауз, а на социјалните мрежи беа споделени пораки со благодарност до спасителите и Господ. Но само половина час подоцна, мароканските власти соопштија дека момчето не преживеало. По што социјалните мрежи се преплавија од мотивни пораки, простувајќи се од него, а илустрациите за момчето кое оди во рајот ја споделуваат јавни личности и функционери.
إنا لله وإنا إليه راجعون ??
رحم الله الطفل رايان ورزق ذويه الصبر والسلوان pic.twitter.com/DFmhtGTyhk— Équipe du Maroc (@EnMaroc) February 5, 2022
„Почивај во мир ангелу, се надевавме на среќен крај, го обедини цел свет, ова е најлошата вест што можевме да ја слушнеме, не можам да замислам низ што поминуваат неговите родители, храбро се бореше“, се само дел од пораките што луѓето ги оставаат.
Sunday’s front page #TomorrowsPaperTodayhttps://t.co/8MjFuxkUl2 #SaveRayan #Rayan#قلوبنا_مع_ريان #أنقذوا_ريان pic.twitter.com/B1mMIUDDWC
— Arab News (@arabnews) February 5, 2022
Мароканскиот крал телефонски им се јавил на родителите на момчето и им изразил сочувство. Додека францускиот претседател Емануел Макрон на Фејсбук напиша: „Вечерва сакам да им кажам на родителите на Рајан и на луѓето во Мароко дека ја споделуваме нивната болка“.
Семејството допрва треба да го објави датумот на погребот, но според муслиманската традиција тој треба да се одржи во недела.