Седумдесет и едногодишниот глумец Томас Џеферсон Брд е убиен во Атланта, пренесува „Њујорк тајмс“. Голем број од неговите пријатели и обожаватели се во шок и неверување по примената вест дека полицијата го нашла неговото тело во една од уличките во градот.
Полицијата примила повик од маж, а некои од сведоците велат дека претходно слушнале неколку пукотници.
„Го пронајдовме лицето во бесвесна состојба. На себе имаше неколку прострелни рани“, стои во извештајот на полицијата.
Извор близок до глумецот вели дека Томас бил во конфликт со едно лице во трговскиот од каде пазараел. Непознатиот човек за кој се верува дека го убил, го следел до куќата. Засега нема официјална потврда, а истрагата е во тек.