(Видео) Наставникот што тепа ученик е од школото „Панајот Гиновски“ во Бутел, полицијата ја потврди автентичноста на снимката

(Видео) Наставникот што тепа ученик е од школото „Панајот Гиновски“ во Бутел, полицијата ја потврди автентичноста на снимката

пред 2 години

Откако во јавноста беше објавено видео од наставник кој тепа ученик на час, МВР ја потврди автентичноста на снимката и велат дека наставникот е од основното училиште „Панајот Гиновски“ од Бутел. Случајот во полиција го пријавила директорката на училиштето.

Таа уште вчера се јавила во полициска станица за да потврди дека наставникот предава во „Панајот Гиновски“ и дека нападнатиот ученик учи во тоа училиште.

 

На видеото што го снимил соученик на нападнатото дете и кое е објавено на Тик-Ток, се гледа како наставникот му удира шлаканици на ученикот, а потоа со двете раце го крева од земјата и го спушта, додека другите деца гледаат.

 

 

Share
Scroll to Top