(Видео) 15-годишна Русинка стана првата лизгачка која изведе четворократен скок на Олимписките игри

(Видео) 15-годишна Русинка стана првата лизгачка која изведе четворократен скок на Олимписките игри

пред 3 години

Камила Валиева (15) стана првата лизгачка во историјата која успеала да изведе четворократен скок на Олимписките игри. Со ова таа ја предводеше Русија до златен медал во уметничко лизгање во тимскиот настап.

Валиева го изведе историскиот скок само еден ден откако стана првата жена од Европа која извела троен аксел на Олимпијадите во кратката програма.

Валиева имаше резултат 178.92, што беше над 30 поени подобро од второпласираната Јапонка Каори Сакамото.

САД го освои сребрениот медал, со девет поени заостанување зад Русија, а Јапонија беше трета. Бронзата на Јапонија беше изненадување, оти зад себе го остави тимот на Канада кој првпат останува без медал во тимска конкуренција.

Share
Scroll to Top