googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });
Бившата сопруга на секретарот на бугарскиот културен центар во Битола „Иван Михајлов“ го искршила стаклото од неговиот киоскот кој го користел за продавање на свеќи и цвеќиња на патот кон црквата „Света Недела“ во Битола. Таа вчера јавно на Фејсбук напиша дека го искршила објектот поради нивни меѓусебни недоразбирања поради кои е гневна . Таа порача дека и во Бугарија треба да ги известат дека токму таа го нападнала објектот.
Полицијата превзеде мерки и тврдено дека тоа го направила сопругата која и сама ја призна вината.
Предходно, секретарот пријавил дека тоа го направиле оние кои имаат нетрпеливост кон бугарите. Од центарот „Иван Михајлов“ на Фејсбук првично објавија: „Одново се наложува да си поставиме прашање дали е тоа само вандалски и криминален акт или станува збор и за нешто друго“. На крај се сведе дека ова е љибовна драма , а не меѓудржавен инцидент.