По објавaта за затвoрње на Фејсбук и Инстаграм: Што ќе правиме без лајкови

По објавaта за затвoрње на Фејсбук и Инстаграм: Што ќе правиме без лајкови

пред 3 години

По објавта дека на компанијата Мета (претходно Фејсбук) која се заканува дека ќе ги  затвори своите платформи Фејсбук и Инстаграм во Европа, на социјалните мрежи почнаа и дискусијата, што ќе се случи ако ги снема двете социјални мрежи.

Интерсно беше да се прочитааат стотици кометари на корисиците на Инста и Фејс, а општ впечаток е дека ако нема Фејсбук ќе се врати животот во нормала, оној пред социјалните мрежи но и хумор од типот : Таман ќе зачистиме по дома“….

Засекирани беа помладите генерации, па симпатични беа кометарите: „Што ќе правиме, без лајкови, како ќе запознаваме женски, или како сега без селфи…

Во годишните финансиски извештаи на компанијата се наведува дека Мета не може да пренесува, складира и обработува податоци за своите европски корисници на сервери со седиште во САД и оти двете платформи ќе бидат затворени низ Европа.

Клучниот проблем за Мета е трансатлантскиот пренос на податоци регулиран со така наречениот „Штит за приватност“ (Privacy Shield). Тековните договори за пренос на податоци се предмет на строги контроли во ЕУ.

Share
Scroll to Top