Францускиот претседател Емануел Макрон не се обиде да ги негира прозападните аспирации на Украина и го посети Киев оваа недела за да го пренесе своето мислење, а не предлозите, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба на денешната прес-конференција.
Кулеба истакна дека Украина нема да прифати никакви ултиматуми за смирување на тензиите со Русија, пренесува Ројтерс.
Францускиот претседател го посети Киев по разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, потсетува британската агенција.