Владе Дивац го претепал фудбалерот Неша Савељиќ оти ѝ праќал непристојни пораки на ќерка му

Владе Дивац го претепал фудбалерот Неша Савељиќ оти ѝ праќал непристојни пораки на ќерка му

пред 3 години

НБА ѕвездата Владе Дивац го претепал поранешниот фудбалер и близок пријател, Ниша Савељиќ (51), оти ѝ се додворувал на неговата ќерка Петра (24). Инцидентот се случил лани на крајот на декември, во ресторан на Врачар, Белград, пишува „Курир“.

Според српскиот портал, Петра му се пожалила на својот татко дека Савељиќ ѝ праќа пораки на Инстаграм и дека ѝ се додворува. Во пораките фудбалерот ѝ пишувал на девојката дека веќе пораснала, дека е убава и ја прашувал кога ќе се видат. Петра била непријатно изненадена од онесувањето на блискиот пријател на татко ѝ, па му ги покажала пораките на Дивац.

Кога се сретнале во декември, во ресторанот на Дејан Бодирога, Дивац веднаш станал и почнал да го тепа, па неколку луѓе морале да ги раздвојат. Дивац не очекувал такво непристојно однесување од пријателот и човекот кому финансиски му помогнал и му нашол сместување во САД.

Савељиќ во изјава за Курир го потврдил инцидентот и рекол дека му е жал што бил погрешно сфатен.

„Не ми дозволи да му објаснам. Станува збор за недоразбирање. Владе знае каков човек и каков татко сум. Жалам што не разговаравме како луѓе. Точно дека е непријатно и жал ми е ако семејството Дивац го сфати погрешно моето однесување и пораките што ѝ ги испратив на Петра“, рекол тој.

Share
Scroll to Top