Почина Ронан Виберт, ѕвездата од филмот „Сноумен“

Почина Ронан Виберт, ѕвездата од филмот „Сноумен“

пред 1 година

Ронан Виберт, ѕвездата на „Сноумен“ и „Сејвинг мистер Бенкс“, почина на 58-годишна возраст.

Актерот Ронан Виберт почина на 58-годишна возраст, а информацијата за неговата смрт ја потврди и неговиот менаџмент.

Раководството на актерот вели дека тој починал по кратко боледување. Актерот, роден во Кембриџшир во 1964 година, беше познат по улогите во филмовите „Сејвинг мистер Бенкс“, „Рим“ и во 2017 година во трилерот „Сноумен“ со Мајкл Фасбендер.

Улоги имаше и во филмот „Томб Рајдер 2“ со Анџелина Џоли и „Дракула Антолд“ со Лук Еванс. Своето филмско деби го имаше во „Сенка на вампирот“ заедно со Вилем Дефо и Џон Малкович.

Покрај улогите на големите и малите екрани, Виберт работел и како гласовен актер за видео игри, со заслуги меѓу кои се „Assassin’s Creed IV: Black Flag“ и „Thronebreaker: The Witcher Tales“.

 

Share
Scroll to Top