Милена Антовска: Потешко поминав со второто породување, ама сега уживам со двете ќерки

Милена Антовска: Потешко поминав со второто породување, ама сега уживам со двете ќерки

пред 5 години

Водителката Милена Антовска -Станковска на Водици се породи со втора ќерка. Бебето доби име Јоана. Симболично е што и двете деца на Милена се родени на големи празници. Постарата ќерка Лана Марија има четири ипол години и таа се роди на Голема Богородица, а сега на 28 авгусут ќе полни пет години. Иако помина веќе еден месец откао се породи, Милена вели дека колку и да е напорно со две деца ужива во мајчинството и во дружбата со двете ќерки.

Втората бреемност помина во најдобар ред и без проблеми, но сепак, породувањето вели Милена, не поминало толку лесно како што таа очекувала.

 

„ Породувњето не помнина како што мислав, затоа што јас требаше пририодно да се породам. Се беше во ред, бебето беше наместено како што треба и буквално половина час пред породувањето се сврте, па мене итно мораа да ме префрлат во операциона сала на царски рез. Благодрана сум на цел тим кои ми помогнаа да го пребродам стравот. Мене секогаш ми беше старв од породување со царски рез, од причина што после потешко оди заздравувањето. Но, сега веќе тоа е зад мене, сите болки, лоши мигови,  се забораваат и сум среќна со уште една ќерка“, раскажува Милена за „Репоертер“. 

Ни откри дека во текот на бременоста немала проблем со килограмите и дека сега освен она што е природно малку кај стомакот, верува дека брзо ќе се врати на предходната тежина.

“Јас и во првата бременост со Марија Лана не се здебелив и многу брзо се вратив во старата форма. Верувам дека и сега ќе биде така “ искрена е водтелката.

Таа ни раскажа дека е среќна и дека добро се саноѓа со двете ќерки дома. Има помош и од бабите, но и од осопругот Гордан. Па така не е сама, барем сега во првиот месец. „Се навикнуваме полека со бебето. Лана Марија сега ќе почне да оди во градинка па ќе ми биде полесно. Сега за сега е супер, ја вклучувам во сите обврски околу сестра си, за да не се почуствува дека некој и го земал местото. Нормалнио е некогаш да биде љубоморна, но тоа трае кратко. Сака да биде околу Јоана, ми подава пелени, обелка за бебето, па така нејзе и е инртерсно, а мене ми е од помош“, открива Милена во разговорот за „Репортер“.  Ни се пожали дека  најтешко и не навечер, кога мора да се буди по неколку пати заради бебето, но дека и тоа е една од убавите работи низ кој минуваат мајките со своите деца.

Александра Георгиев

Share
Scroll to Top