Финска купува американски борбени авиони „Ф-35“

пред 3 години

Финска денеска потпиша договор за купување десетици борбени авиони „Ф-35“ од САД во време кога во Европа се зголемуваат тензиите меѓу Западот и Русија.

Финска потпиша договор со САД во вредност од 9,4 милијарди долари за купување 64 авиони „локид мартин Ф-35“, кои се невидливи за радарите, а испораките ќе се реализираат во периодот 2026 – 2030 година, пренесува „Ројтерс“.

Финската влада соопшти дека одлуката за купување американски авиони, донесена во декември, е дел од долгорочните планови за зајакнување на одбраната на земјата, а не одговор на сегашната конфронтација меѓу Западот и Русија за Украина.

„Тоа е дел од нашето долгорочно планирање и нема никаква врска со моментната ситуација“, рече Мико Хаутала, амбасадор на Финска во Вашингтон, пренесе „Ројтерс“.

Share
Scroll to Top