(Видео) Арнолд Шварценегер и Селма Хаек како Зевс и Хера во новата реклама за Супербоул

пред 3 години

Арнолд Шварценегер и Селма Хаек снимија нова реклама за годинашниот Супербоул. Во реклата Шварценегер го глуми грчкиот бог Зевс, а Хајек е неговата сопруга Хера. Рекламата ја подготви германскиот производител на автомобили, компанијата „БМВ“.

„Станува збор за хумористична реклама во која Шварценегер легендарниот бог на небото и громот, кој се смета за бесмртен, мака мачи со конвенционалната домашна електроника“, рече Шварценегер.

Хајек пак рече дека ова е нејзина прва реклама која ја снимила за Супербоул.

„„75% од одлуките во бракот за тоа каде да се трошат парите ги донесува жената, а тоа е пресликано и во рекламата бидејќи жената е таа која донесува одлука за тоа кој е вистинскиот автомобил за својот маж“, рече Хајек.

Многумина сметаат дека оваа реклама би можела да биде прогласена за најдобра во овогодинешното издание на Супербоул, кое се одржува оваа недела.

Конкуренцијата е голема затоа што во овој период се снимаат најдобрите и најскапи реклами во годината. За потсетување, Супербоул е еден од најгледаните спортски настани во светот.

Share
Scroll to Top