(Видео) Со кинески специјалитети и традиционален колач, Сара Мејс славеше роденден

(Видео) Со кинески специјалитети и традиционален колач, Сара Мејс славеше роденден

пред 3 години

Пејачката и харфистка Сара Мејс наполни 31 година, а роденденот го славеше во кинески ресторан со сопругот Димитар и ќерката Илина. Таа не криеше дека се забавуваат додека јаделе специјалитети со кинески стапчиња. Наместо торта Сара доби традиционален кинески колач, а роденденската свеќичка ја дувна Илина па замисли желба за мајка си.

„Не постои нешто што повеќе сакам од нив. Нив си ги посакувам за роденден. Да ми се здрави само“, напиша Сара.

Таа лани роденденот го прослави во изолација поради полицискиот час. Тогаш Димитар ја изненади со торта на која стави ренде за јајца наместо харфа. Сара и Димитар се во брак четири години и ја имаат ќерката Илина.

Share
Scroll to Top