Роналдо ќе мора на суд да се соочи со Кетрин Мајрога

Роналдо ќе мора на суд да се соочи со Кетрин Мајрога

пред 4 години

Американската манекенка Кетрин Мајорга и фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо повторно ќе се соочат, овој пат пред судот во американската сојузна држава Невада. Кетрин Мајорга го обвини славниот фудбалер дека во 2009 година, ја силувал во хотелска соба во Лас Вегас. Таа тврди дека потоа се спогодила и прифатила паричен надомест од 375.000 евра, за да не зборува за наводниот инцидент,

Враќајќи се на овој случај шпанските медиуми тврдат дека Роналдо под притисок на Реал Мадрид, морал да направи се случајот во 2009 година да излезе во јавноста. Тоа лето Роналдо за рекордни 94.000.000 евра од Манчестер Јунајтед пристигна на „Сантијаго Бернабеу“. Поради тоа Реал не сакал никаков скандал кој би бил поврзан со Португалецот.

Откако и пропаднаа обидите да го отвори случајот, обвинителството во Лас Вегас на 22 јули 2019 година ги отфрли обвинувањата, Кетрин Мајорга поднела цивилна тужба против Роналдо.

„Откако повторно ги прегледавме информациите што ни беа достапни решивме дека не може да утврдиме со сигурност дека Роналдо сексуално ја злоупотребил. Поради тоа обвинувањата се отфрлаат“, наведоа тогаш обвинителите.

Роналдо во декември ќе мора да се соочи во судот во Невада со Мајорга, која тврди дека и е нарушено менталното здравје, а спогодбата што ја потпишала рекла дека во тогаш била во шок и дека не знаела што потпишува.

Share
Scroll to Top