Џошуа го напушти „Скај спорт“

Џошуа го напушти „Скај спорт“

пред 2 години

Ентони Џошуа го напушти „Скај Спорт“ кој имаше ексклузивно право да ги пренесува неговите борби.

Џошуа и се приклучи на компанијата „ДАЗН“, која е во сопственост на промоторот Еди Херн. За овој трансфер поранешниот светски шампион во супертешка категорија доби 100 милиони фунти.

„Влегов во нова фаза од мојата кариера. Го сменив тренинг-амбиентот, го сменив тренерот, сега компанијата која ги пренесува моите мечеви. Сега можам целосно да се посветам на боксот и да им дадам можност да видат некои нови нокаути на сите оние што гледаат „ДАЗН“, изјави Џошуа.

Тоа значи дека реваншот меѓу актуелниот светски првак, Украинецот Усик и Џошуа ќе биде на стрим каналот „ДАЗН“.

На месечно ниво за да се гледа „ДАЗН“, потребно е да се издвојат нешто помалку од 10 евра.

Share
Scroll to Top