Започнува формирањето зелени коридори низ Скопје

пред 3 години

Денеска во Бутел започна акцијата за хортикултурно уредување со формирање на зелен коридор на улица Бутелска. На површина од 1496 квадратни метри започнува обновувањето и засадувањето нова тревна површина и одржување на вегетацијата.

„ Во Скопје секоја година ќе се засадуваат по 100 илјади нови садници. Започнавме со спроведување на овој проект, а денеска отпочнуваме со работа во Бутел, каде што со засадувањето нови садници позитивно ќе влијаеме врз животната средина, но и ќе ја превенираме можноста за непрописно паркирање“ изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Реализацијата на зелениот коридор во Бутел ќе се одвива со фрезирање на постојната подлога, нанесување нова квалитетна почва, поставување систем за полевање и садење ново зеленило.

„ Овие проекти се важни за граѓаните. Зеленилото значително ќе го намали загадувањето, а во исто време ќе го разубави просторот. Со овој проект предвидено е и изведба на мини плоштад за одмор, додека во средишниот појас на зеленилото ќе се засадат зимзелени и листопадни дрвја“ рече градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

На новата уредена зелена површина ќе се засадат листопадни и зимзелени садници и украсни грмушки.

Share
Scroll to Top