Ќе станам татко, благодарен сум за секој чекор што ни се случи: Петар Грашо првпат прозборе за љубовта со Хана Хулиќ

Ќе станам татко, благодарен сум за секој чекор што ни се случи: Петар Грашо првпат прозборе за љубовта со Хана Хулиќ

пред 3 години

Хрватскиот пејач Петар Грашо (45) на 19. февруари ќе се ожени со 14 години помладата девојка Хана (31), ќерка на познатиот музичар Тони Хулиќ, со која го очекува своето прво дете. Неговата поранешна девојка Данијела Мартиновиќ (50) со која беше 24 години во врска тврди дека не го прифатила трагично раскинувањето и дека веќе ја нашла својата сродна душа.

Петар беше гостин во емисијата „Премијера Викенд Специјал“, каде отворено зборување за случувањата од сопствениот живот, а неговите изјави ги пренесоа српските медиуми.

„Се случи љубов. Љубовта треба да се случи, не треба да се планира и за љубовта не треба премногу да се говори. Тоа се некои работи што човекот треба да ги негува во себеси, а не да се расфрла со тоа. Да, постои љубов. Да, се случува еден преубав период во животот што во тој миг ти значи најмногу и на којшто планираш да му се препуштиш и да пловиш“, рече тој.

Петар ги потврди информациите за нивната свадба и откри дека со тој и Хана не сакаат премногу да се појавуваат во весниците.

„Ќе станам татко. Благодарен сум за секој чекор што ни се случи. Малку ми е смешно што луѓето постојано ги вперуваат мобилните телефони кон нас, јас имам 25 години кариера, но очигледно на луѓето им недостасуваат малку повеќе убави приказни. Но, и понатаму ќе се трудам да ја чувам сопствената приватност, затоа што сакам на луѓето да им бидат важни моите песни, а не мојата спална соба“, додаде тој.

Додека Петар и Данијела беа во врска, беа блиски пријатели со семејството Хуљиќ. Па, сега Петар се радува што и официјално ќе станат семејство.

„Го обожавам тоа семејство, навистина, и тие мошне добро се согласуваат со моето семејство. Живееме како сите нормални луѓе. Се шегуваме, се смееме. Уживаме заедно да правиме музика и навистина сум среќен што ја имаме таа синергија и што кога работиме заедно правиме големи хитови“, рече тој.

Од друга страна, пак, неговата поранешната партнерка, Данијела, за медиумите вели дека раскинувањето не го поднела трагично. Таа откри дека не ја изгубила вербата во љубовта и во постоењето на сродната душа.

„Верувам во сродни души, но никако не верувам дека тоа мора да биде машко-женски однос. Сретнав голем број такви односи на пример ученик и учител, пријателки, родител и дете, кога тие се сродни по душа, кога исто гледаат на работите, исто размислуваат, кога ја носат истата облека, исто растат. Мојата пријателка Дорис мене ми е сродна душа“, откри таа во емисијата на Народно радио и рече дека неодамна била на море каде го нашла сопствениот душевен мир.

Share
Scroll to Top