Тамара и Мачка заедно го славеа роденденот на синот Дарен

Тамара и Мачка заедно го славеа роденденот на синот Дарен

пред 1 година

Пејачката Тамара Тодевска и нејзиниот поранешен сопруг Александар, заедно го славеа 4. роденден на синот Дарен. Забавата беше во познат скопски ресторан. Пејачката за Дарен избра торта со Мињони, а децата се дружеа и со суперхероите Ајрон мен и Бетмен. Ни Тамара ни Мачка не криеја дека си поминале убаво на роденденот на нивниот син, па двајцата објавија по неколку фотки и видеа на Инстаграм-стори.

Ова е првпат Тамара и Мачка да се заедно по веста за разводот. Тие беа во брак седум години. Во изјава за „Репортер“ пејачката тогаш кажа дека со поранешниот маж ќе останат во пријателски односи и дека на двајцата им се најважни децата. 

„Ние и понатаму ќе продолжиме да контактираме, имаме две деца и тие ќе можат да растат и да го поминуваат времето со својот татко. За мене најважни се децата и моја желба е тие да останат заштитени. И Хана и Дарен одат на училиште, веќе не се мали, па затоа со Мачка имаме одговорност да ги заштитиме“, рече тогаш Тамара за „Репортер“.

 

.

Share
Scroll to Top