Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ во интервјуто за „Би-би-си“, отворено зборуваше за условите кои ги имал за време на престојот во Австралија. Тој рече дека тие биле неподносливи и дека на моменти не можел да спие затоа што надлежните постојано го испрашувале во текот на ноќта.
„Никој за време на судкиот процес и додека се случуваше целата таа австралиска сага не ме праша каков е мојот став во врска со короната или да ме праша за мислење за вакцинирањето. Не можев да ги изразам моичите чувства и да кажам каков е мојот став по тоа прашање. Во хотелот каде бев сместен можам да кажам дека нималку не беше пријатно и удобно. Таму поминав седум дена и за целиот тој период се чувствував беспомошно. Не можев да го користам телефонот. Ме будеа среде ноќ за да ме испрашуваат. Тоа траеше од еден до девет часот утрото. Ме испрашуваа на секои 30 минути. Многупати се случуваше испрашувањето да биде прекинато за да некои од нив разговара со својот надреден. Тоа траеше цела ноќ. Па потоа и визата ми ја повлекоа. Дури четвртиот ден ме пуштија за да тренирам“, рече Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ зборуваше и за неговите колеги тенисери и за луѓето кои ги сметал за големи пријатели, но за кои на крајот вели дека е многу разочаран и дека силно го повредиле.
„Колегите ме повредија многу. Ја чувствував таа негоативна енергија, нивните погледи кон мене и од луѓето кои се наоѓаа во иста зграда со мене. Тие за мене го мислеа она што медиумите го пласираа во јавноста, а јас намерно не излегов да кажам што мислам затоа што ја почитував правната постапка и Австралија опен. Не ми беше пријатно. Не сакам да седам овде и да се жалам, но тогаш се чувствував беспомошно“, рече Ѓоковиќ.
Пред турнирот дури и Шпанецот Рафаел Надал кој важеше за негов голем пријател рече дека Ѓоковиќ не е поважен од Австралија опен и дека турнирот треба да се одржи и без него.
„Не сакав да го гледам финалето меѓу Медведев и Надал, затоа што јас сакав да бидам тој што ќе игра на теренот. Но, ми беше забавно да ги гледам мојата сопруга Јелена која навиваше за Медведев, а мојот син Стефан кој пак беше фан на Надал“, рече Ѓоковиќ.

Тој призна и за грешката која ја направил месец дена пред Австралија, кога го дал интервјуто за L’Equipe иако знаел дека е позитивен на коронавирус.
„Вистина е. Бев позитивен и тоа беше ужасна грешка и проценка да се согласам да го дадам тоа интервју. Би сакал да можам да го вратам времето и да ги сменам работите. Но, го дадов од неколку прични. Прво затоа што ги почитувам L’Equipe како еден од најдобрите спортски медиуми во светот. Нивниот новинар го познавам многу години и секогаш имав одлични односи со него. Веќе бевме договорени за да го направиме тоа интервју од поодамна и не сакав да го изнверам. Дали требаше да бидам повнимателен? Дали требаше да го известам. Апсолутно. Би сакал да го вратам времето, тоа беше моја грешка, признавам и стојам зад неа и многу ми е жал заради тоа“, рече Ѓоковиќ.
Тенисерот зборуваше и за грижата на неговото здравје и тело. Тој рече дека најголем приоритет во животот му е долговечноста и дека прави се за да изгледа поздраво. За ковидот рече дека го сваќа многу сериозно и дека секаде каде и да се појавел ги почитувал мерките против вирусот.
„Што се однесува до Adria Toura, ние го почитувавме секој протокол и пропис кој беше на сила во секоја држава каде што бевме. Но, тогаш не беа задолжителни маските и спортските настани можеа да се одржат. Го разбирам тоа кога ќе гледате од перспектива од некоја земја во која мерките се поблаги, па со поинакви очи гледате за работите во земјата каде истите тие се построги. Но, секоја држава со короната се бори на различен начин“, рече Ѓоковиќ.






