Расте бројот на жртви од поплавите и одроните во Бразил

пред 3 години

Бројот на жртвите во разорните одрони и поплавите што го зафатија планинскиот регион на државата Рио де Жанеиро во Бразил достигна 38.

Државната противпожарна служба доцна синоќа соопшти дека повеќе од 180 војници веќе оперираат во погодениот регион Петрополис, каде што стотици луѓе загинаа по катастрофалните поплави во 2011 година, пренесува АП.

Пожарникарите соопштија дека вчера за само три часа наврнале 25,8 сантиметри дожд во областа Петрополис – речиси исто колку во претходните 30 дена вкупно.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како автомобили и куќи исчезнуваат во лизгање на земјиштето и вода што се врти и порои кои минуваат низ градот Петрополис и соседните окрузи.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој се наоѓа во Русија, на Твитер напиша дека им наложил на своите министри веднаш да им дадат поддршка на луѓето во погодените области.

„Господ да ги утеши семејствата на жртвите“, рече Болсонаро.

Share
Scroll to Top