(Галерија) Емоции и хитови: Естрадата се сплоти со песните на Тоше и Аки во Битола

(Галерија) Емоции и хитови: Естрадата се сплоти со песните на Тоше и Аки во Битола

пред 3 години

Со многу емоции и љубов вчера пред битолската публика се одржа првиот од двата концерти „Засекогаш во срцата“, посветени на музичките легенди Тоше Проески и Аки Рахимовски. На големата сала во  Центарот за култура одекнаа хитови кои се пееја во една глас.

Придружувани од Камерниот оркестар на Битола и под диригенство на Владимир Димовски, песните на Тоше и Аки ги пееја Каролина Гочева, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Александар Тарабунов, Јана Бурчевска, Виктор Апостоловски, Нико Ѓоргиевски и Бојан Стојков. Ова беше вистински мелем за душата, а публиката уживаше во секоја следна изведба.

Сентиментално патување низ музиката на Тоше и Аки беше полно со емоции и љубов, како потсетник на едно време и беспрекорна музика. Неколку од интерпретациите беа збогатени со гласовите на хорот на Државното музичко училиште од Битола во коешто учеше Тоше.„За секогаш во срцата“ се одржа со поддршка на Министерството за култура.

Фото: Фејсбук страна на Центар за култура Битола

Share
Scroll to Top