Ковачевски: Ковачевски: И во услови на криза одржуваме ниска инфлација, одржлив фискален дефицит и стабилен финансиски сектор

пред 3 години

На маргините на Минхенската безбедносна конференција претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска се сретна со директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева.

Премиерот Ковачевски го истакна како многу значаен ангажманот на ММФ во справувањето со КОВИД-19 пандемијата во нашата земја. Како исклучително корисни ги посочи и препораките на ММФ за дизајнирање и спроведување на идните реформи кои ќе овозможат справување со предизвиците од пандемијата и енергетската криза.

Претседателот на Владата Ковачевски нагласи дека Северна Македонија влезе во пандемијата со солидни макроекономски основи, и како и во текот на предкризниот период, одржуваше ниска инфлација, одржлив фискален дефицит и стабилен финансиски сектор.

Ефективната поддршка на ММФ на овие политики, посочи премиерот Ковачевски на средбата, помогна да се ублажи економското и социјалното влијание на кризата од КОВИД-19.

Премиерот дополни дека со поддршка од финансиските инструменти на ММФ, владата спроведе шест пакети фискални мерки за да помогне во решавањето на проблемите со ликвидноста на фирмите, да ги заштити работните места , и ги поддржа најранливите преку субвенции за плати, одложување на даноци, субвенционирани заеми и гаранции за заеми за фирмите, поддршка специфична за секторот, инвестициски стимулации и финансиска поддршка за домаќинствата со ниски приходи.

Како еден од резултатите на овие мерки, стапката на невработеност на крајот на 2021 година, во екот на пандемијата се намали на историски 15,7 отсто, за разлика од стапката од 32,1 отсто во 2010 година.

Премиерот Ковачевски на средбата со директорката на ММФ Кристалина Георгиева истакна дека Владата е целосно посветена на реформите во управувањето со јавните финансии. Во согласност со препораките на ММФ, на Светската банка и на Европската Унија, посебно внимание се посветува како на подобрена транспарентност така и на дигитализирање на процесите во Царинската управа и Управата за јавни приходи.

Share
Scroll to Top