Има речиси 2 милиони следачи, но Исла Фишер не е љубител на Инстаграм

пред 3 години

Австралиската актерка и писателка Исла Фишер смета дека Инстаграм е токсичен за децата и младите.

46-годишната Фишер има речиси два милиони следачи на платформата за споделување фотографии, но стравува дека тоа може да доведе до „анксиозност и депресија“ кај многу млади луѓе.

„Сите знаеме што е тоа Инстаграм. Тој е токсичен за децата и поради ширење на лажни вести. Таму не мора да се исполнуваат стандарди за објавување, туку на нашите основни инстинкти,“ вели таа.

„Инстаграм го зголемува булингот и стравот од пропуштање и доведува до анксиозност и депресија. Значи, очигледно, не сум љубител на оваа социјална мрежа“.

Холивудската ѕвезда внимава што објавува на сопствениот Инстаграм-профил.

Во интервју за „Индипендент“, Фишер нагласи: „Се трудам да се фокусирам што е можно повеќе на споделување содржини поврзани со работата, а не со мојот приватен живот или нешто лично“.

Нејзиниот сопруг, комичарот Саша Барон Коен, претходно го нападна Фејсбук, нарекувајќи го најголемата пропагандна машина во историјата.

„Јас сум само комичар и актер, а не научник. Но, една работа ми е прилично јасна. Сета оваа омраза и насилство се олеснети од неколку интернет компании кои претставуваат најголема пропагандна машинерија во историјата. Фејсбук, Јутјуб и Гугл, Твитер и други – тие допираат до милијарди луѓе,“ рече тој во една прилика.

„Ова е причината зошто лажните вести ги надмашуваат вистинските вести, бидејќи студиите покажуваат дека лагите се шират побрзо од вистината“.

Share
Scroll to Top