Осумдесет и деветгодишна жена од Скопје вчера била пронајдена почината во нејзиниот стан на ул.„ Васил Ѓоргов“ во Скопје.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал доктор од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.