(Видео) 363 казни за неносење маска, пет лица ја прекршиле забраната за движење

пред 3 години

Пет лица ја прекршиле забраната за движење во периодот од 24.00 часот до 04.00 часот на 14.05.2021, информира МВР.

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на цела држава, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 363 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел спречување на ширењето на Ковид-19.

Share
Scroll to Top