Поради ескалацијата на руско-украинскиот конфликт, германската влада го запира процесот за одобрување на гасоводот „Северен тек 2“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, а пренесува „Тагесшпигел“.
Русија ќе продолжи да ги снабдува светските пазари на природен гас без прекин, напиша претходно денеска рускиот претседател Владимир Путин во писмо до Енергетската конференција во Доха.
Таа порака стигна во време кога САД и европските сојузници имаат намера да објават нови санкции кон Русија, откако претседателот Путин ги призна двата руски сепаратистички региони во источна Украина.
Редовната испорака на гас во вторникот ја потврди и рускиот министер за енергетика Николај Шулгинов на конференцијата на извозниците на гас во Доха.
„Сакаме балансирани глобални пазари на гас“, рече Шулгинов.