Фрида (2,5) од Скопје го добила името по мексиканската сликарка Фрида Кало. Нејзината мајка постојано ја дотерува по теркот на светските модни инфлуенсерки, а потоа модните комбинации ги објавува на Инстаграм. Профилот на Фрида има речиси 8.000 следбеници.
Покрај тоа што профилот изобилува од уникатни модни комбинации, има и доста и искуства и совети од стручни лица за доење, исхрана, несоница кај бебиња и деца. Целиот фокус е ставен само на Фрида, па така нејзините родители ги нема во објавите на Инстаграм.
Мајката на Фрида одлучила да ѝ создаде профил, откако сфатила дека кај нас недостасува детски моден профил. На почетокот бил заклучен и служел како платформа во кои ќе се објавуваат фотографиите од Фрида и нејзините модни комбинации, но само за себе, а потоа станал јавно достапен.






