Столтенберг: Русија планира голем напад

пред 3 години

Генералниот секретар на НАТО, Јен Столтенберг, изјави дека очекува Русија да изврши голем напад врз Украина, повторно повикувајќи ја Москва да се откаже од плановите за нападот и рече дека стотина авиони на НАТО се на готовс.

„Сите индикации покажуваат дека Русија продолжува да планира напад од големи размери врз Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по состанокот на Советот НАТО-Украина. Тој додаде дека НАТО продолжува да ја повикува Русија да се откаже од плановите за напад.

„Никогаш не е доцна да се откажеме од нападот“, рече Столтенберг, додавајќи дека ова е најопасниот момент за европската безбедност во поново време. Столтенберг рече дека Русија најавила повлекување на своите сили од границите на Украина, но го прави спротивното и продолжува да ги зајакнува. Тој, исто така, нагласи дека Русија продолжува со провокациите во Донбас барајќи изговор за војна.

Столтенберг рече дека НАТО ќе продолжи да дава политичка поддршка за Украина, и дека ќе направи се за да ги заштити сојузниците од агресија.

Share
Scroll to Top