Путин најави заеднички воени вежби со Белорусија на почетокот од 2022

пред 2 години

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги објави плановите за одржување на руско-белоруски воени вежби на почетокот на следната година.

„Како што се претпоставуваше, ќе одржиме вежби во март или февруари“, рече Путин на почетокот на средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко, а пренесе руската агенција „Тасс“.

Лукашенкo претходно побара од Путин да не ја прекинува меѓусебната соработка во воениот сектор и одбранбената индустрија.

Како што јави „Тасс“, претседателите на Русија и Белорусија се договориле да ја продолжат соработката и во воздухопловната индустрија.

Share
Scroll to Top