Петков: Правата на Бугарите во Северна Македонија се огромен приоритет за Владата

пред 3 години

Правата на Бугарите во Северна Македонија се огромен приоритет за Владата, изјави бугарскиот премиер, Кирил Петков ден по средбата со бугарски државјани од Македонија.

Одговарајќи на прашање на БГНЕС во врска со средбата Петков рече дека за нив, но и бугарската и македонската страна е важно Северна Македонија да биде членка на ЕУ.

Петков вчера оствари средба со организации и здруженија на Бугари во Северна Македонија. Како што беше соопштено, средбата се одржала на нивна иницијатива, а премиерот Петков ја претставил последната информација за текот на преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија, во чиј фокус е вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

Претставниците на македонските Бугари изјавиле дека веруваат во новиот пристап инициран од бугарската влада, затоа што се убедени дека проблемите може да се решат единствено со дијалог.

Share
Scroll to Top