Косовската претседателка Вјоса Османи порача дека Косово стои со Украина и со нејзините граѓани по руската агресија.
„Ќе соработуваме со нашите сојузници за да ја запреме секоја дестабилизација во нашиот регион. Руската хегемонија нема да успее. Слободата и демократијата ќе надвладеат“, напиша Османи на „Твитер“.
Претходно и Албанија го осуди нападот на Русија врз Украина.