Погачите од лиснато тесто се брз оброк, кој ќе ги воодушеви сите генерации. Тој може да биде одличен појадок, ручек или вечера.
Состојки:
- 1 пакување лиснато тесто
- 150 грама шунка
- 150 грама рендано сирење
- 1 жолчка од јајце
- растително масло за печење
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Лиснатото тесто развлечете го на дебелина од околу половина сантиметар, и со нож или машина за пица поделете го на коцки со иста големина.
- Во средината на секоја коцка ставете малку сирење и шунка.
- Спротивните краеви на коцката превиткајте ги на половина за да добиете триаголник. Краевите на погачите притиснете ги со вилушка за да не истечат состојките при печењето.
- Направете смеса од жолчки и малку вода и со неа премачкајте го горниот дел од погачата.
- Погачите префрлете ги во подмачкан плех и ставете ги да се печат во рерна околу 15 минути или додека лиснатото тесто не порумени и не добие убава златно-жолта боја.
- Послужете ги топли со вашиот омилен сос.