Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, Виталиј Кличко, даде кратко интервју за Би-би-си по почетокот на рускиот напад врз Украина.
Тој рече дека луѓето во Киев биле шокирани кога слушнале експлозии во градот. Повикува на обединет одговор од Западот и помош за Украина.
„Нашата цел, нашиот сон е да изградиме модерна и демократска земја и да бидеме дел од европското семејство“, изјави Кличко за Би-би-си.
Тој додаде дека руската армија е една од најголемите во светот и дека борбата ќе биде тешка. „
Украинците не ја сакаат руската агресија, тие ќе се борат за нашата иднина и за нашите деца“, рече Кличко.
„Не се плашам за себе, јас сум борец“, нагласи тој, додавајќи дека е загрижен за трите милиони граѓани на Киев кои се негова одговорност.
Запрашан што ќе му каже на рускиот народ, тој рече:
„Секоја војна носи крв, смрт и инвалидитет. Прашајте се дали ви е потребно тоа заедно со санкциите“.