Шведска воведува дигитален корона-пасош од 1 јуни

пред 3 години

Шведска објави дека има намера да воведе дигитален „корона-пасош“ до летото.

„Започна спроведувањето на меѓународните процеси поврзани со техничките решенија и стандардите за докажување на вакцинацијата. Шведска треба да биде вклучена во ова”, изјави министерката за здравство, Лена Халенгрен, на прес-конференција.

Со воведувањето на дигитална потврда, Швеѓаните ќе имаат документ за вакцинација против коронавирус, рече Андерс Игеман, министер за дигитален развој.

Потврдата за вакцинација треба да е во согласност со меѓународните правила и стандарди и да го гарантира правото на приватност.

Владата се надева дека пасошот ќе биде воведен на 1 јуни и предвидува и други земји да бараат доказ за вакцинација за влез во земјата или за присуство на конференции, музички фестивали и спортски настани.

 

Share
Scroll to Top