Фудбалскиот репрезентативец Ѓоко Зајков иако на готовс не може да ја напушти Украина

Фудбалскиот репрезентативец Ѓоко Зајков иако на готовс не може да ја напушти Украина

пред 3 години

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков кој игра за Ворсклва Полтава во Украина, е на готовс и чека да ја напушта земјата, откако утрово Русија ја нападна Украина. Тој вели дека за сега е на безбедно, откако денес во државата беше прогласена воена состојба. Зајков за ФФМ рече дека градот Полтава каде што живее не бил цел на руските напади, но дека ситуацијата во целата земја е сериозна.

„Градот Полтава каде што се наоѓаме не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни. Од клубот има најава за странците кои сме тука да се организира превоз со минибус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот. Во градот моментално работат само маркети и многу мал број на ресторани. Доколку има некои нови информации ќе се обидам да пренесам“, стои во изјавата на Зајков, а која ја пренесе Фудбалската федерација.

 

Share
Scroll to Top